| четврток, 6 декември 2018 |

Од четврток до 25 јули жешки денови без можност за дожд

Mini-heatwave in Athens
Вторник и среда оваа недела ќе бидат малку попријатни денови во однос на температурата, но од четврток веќе навлегуваме во период на нешто потопли, може да се каже и жешки денови. Според Метеопро станува збор за период на стабилно време, кое ќе трае барем до 25 јули, период во кој речиси и да ќе нема шанси за врнежи.
Во однос на температурата, таа ќе има релативно константен од во наредниот период. Поголеми нагли скокови и падови барем до 25 јули не се очекуваат.

Максималната темпертура во повардарскиот регион генерално ќе има вредности околу 35°С во северниот тек, додека јужниот дел на повардарието очекува максимална околу 37°С. На повисоките места во источниот крај температурата ќе има вредности околу 31°С. Во охридско-преспанскиот регион, времето дефинитивно ќе биде наклонето и за туристите, но и за мештаните. Температурата во овој регион ќе има максимална вредност во границите од 30 до 33 целзиусови степени.
Подетално на Метеорпо

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top