Никола Груевски, премиерот на Македонија и претседател на ВМРО-ДМПНЕ, вети дека во Куманово ќе се прошири капацитетот на градинката во Куманово и дека овој град ќе добие и мини-плоштад. Тој денеска беше во посета на Куманово и заедно со кандидатот за градоначалник на овој град, Зоран Ѓорѓиевски, разговараше со кумановци, жители на населбата Гоце Делчев.

– Ова е место каде што идниот градоначалник Ѓорѓиевски планира двојно да го зголеми капацитетот на постојната градинка бидејќи има потреба да се прифатат повеќе деца од тоа што е сега потребно – рече Груевски.
Тој посочи дека ова е еден од првите проекти што ќе го реализира бидејќи населбата е голема и има потреба од ваков проект.
– Планирана е и изгрдаба на мини-плоштад во постојниот трговски центар во оваа населба, место каде што ќе се собираат граѓаните за различни потреби – додаде Груевски.
Со кандидатот за градоначалник разговараа и за други проекти опфатени во програмата на кандидатот.
– Еден од најзначајните проекти е изградба на индустриска зона која е планирана на излезот во Куманово на автопатот во која ќе се инвестираат 100 милиони денари и во која во иднина треба да се привлечат компании кои треба да изградат нови погони и фабрики во кои ќе се отворат нови работни места – наведе Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


