| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија против Швајцарија по трета победа на ЕП за кошаркари до 20 години

Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 20 часот и 15 минути против Швајцарија го игра третиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20-години.

По двете победи во првите две кола (Белорусија со 77:72 и Ерменија со 81:45) избраниците на селекторот Љупчо Малинков како апсолутни фаворити влегуваат на денешниот дуел. Со победа „црвено-жолтите“ ќе го потврдат првото место во групата со максимални шест бодови.

Претходно, од 15:45 часот е средбата Ерменија – Белорусија.

Табела: Македонија 4 бодови, Белорусија, 3 Ерменија 3, Швајцарија 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top