| четврток, 6 декември 2018 |

Шестте најголеми грешки на сингл девојките

Ова се шесте најчести лажни уверувања и начини на кои можете да ги промените за да можете да пронајдете искрена, единствена и вистинска љубов.

1. Мислите дека на мажите им се допаѓа одреден тип на жена

Ако идеализирате одреден тип на жени, веројатно ќе мислите дека и мажите мислат исто како вас. Меѓутоа, не сте во право. Кога се жените во прашање, мажите имаат различни вкусови, а што е уште поважно, не сакаат површни жени. Нив најважно им е жената да се чувствува добро во сопственото тело и да е сигурна во својот изглед и интелегенција. Ако и самите го имате овој проблем, задолжително работете на зајакнување на самодовербата.

2. Се споредувате со други жени

Споредбата е нешто најлошо што можете да го направите, затоа што обично завршува со омаловажување на сопствениот изглед и вредности. Без оглед на тоа дали сметате дека сте подобри или полоши од другата личност, негативноста и љубомората ќе бидат вкоренети во несигурноста и недостатокот на љубов кон себе. Почнете поразлично да гледате на луѓето околу вас. Фокусирајте се на нивните (но, и своите) добри и убави страни. Не се воздржувајте да подарите некој комплимент, па и себе си ќе се видите во подобро светло.

3. Сметате дека мора да глумите за да го привлечете совршениот маж

Најголемиот проблем е кога мислите дека не сте доволно добри и дека мора да глумите за да го привлечете вниманието на мажот кој ви се допаѓа. Меѓутоа, единствен начин за да создадете трајна, одржлива и безусловна врска полна со љубов е да бидете тоа што сте. Ништо друго нема да го задржи покрај вас. Дајте си себе си шанса да бидете весели и опуштени. Не постои ништо попривлечно од жена која е свесна колку вреди и која знае што сака.

4. Сте зацртале каков треба да биде вашиот идеален маж

Сигурно е најдобро да пронајдете партнер кој е совршен во се`. Меѓутоа, за тоа постои мала можност. Во главата можеби имате слика каков би требало да биде тој и не сакате ништо поразлично од тоа. Наместо да се фокусирате на неговиот физички изглед, обрнете внимание на неговите особини.

Неговата страст и амбиции се многу поважни од супер работата со која се занимава (а која веројатно не го прави среќен). Наместо совршени физички атрибути, побарајте маж кој поседува развиен и отворен дух. Фокусирајте се на квалитетите кои се кријат под површината, затоа што токму тие ќе влијаат вашиот заеднички живот да биде токму онаков каков што сакате.

5. Вашиот збор мора да биде последен

Играњето игри не е забавно на долга патека и само создава чувство на недоверба и конкуренција во врската. Кога измеѓу партнерите владее вечна борба за тоа кој ќе го води главниот збор, тука мора да постои и страв од ранливост. Тоа е поради фактот што сметате дека единствено со контрола и доследност можете да ја докажете својата супериорност.

Меѓутоа, она што ќе се случи е тоа што тој ќе стане незаинтересиран и ќе си замине, а вие ќе останете со скршено срце. Наместо тоа, обидете се да бидете на иста страна, да пронајдете компромис и двајцата подеднакво да давате и примате. Впрочем, ако се обидете, ќе сфатите дека одлично е чувството да се восхитувате, но и да ви се восхитуваат.

6. Мислите дека е премногу доцна за сè

Ако самите се убедите дека сте ја пропуштиле шансата, ќе дојдете во ситуација да престанете да се надевате. Всушност, самите себе си кажувате дека она што навистина го сакате, едноставно не можете да го имате. Самите себе се одбивате пред воопшто да добиете прилика да бидете одбиени.

Заборавете на старите навики и почнете да размислувате позитивно. Убедете се самите себе дека на светот постои личност која ве чека само вас. Заборавете на грижите и почнете да верувате дека и вам ќе ви се случат убави работи. Љубовта не може да се испланира, таа едноставно се случува. И додека го чекате ’оној вистинскиот’, обидете се да воспоставите подобра и поубава врска со самата себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top