Наградата за најдобра режија на 50-тиот фестивал во Карлови Вари ја доби Висар Морина, режисер на играниот филм „Татко“, копродукција меѓу Германија, Косово, Македонија и Франција.
– Ова е една од петте најзначајни награди на Фестивалот и големо признание за успехот на еден филмски автор. Покрај оваа официјална награда, филмот „Татко“ ја доби и наградата Europa Cinemas Label за најдобар eвропски филм во главната селекција на 50. ИФФКВ, доделена од Европската мрежа на киноприкажувачи Europa Cinemas, соопшти продукцијата „Скопје филм студио“.
Висар Морина (Приштина, 1979) подолго време живее во Германија. Дипломирал на Academy of Media Arts во Келн во 2009 година и има режирано четири кратки играни филмови. „Татко“ е неговиот прв долгометражен игран филм.
Според четиричленото жири кое годинава одлучуваше за наградата на 50. ИФФКВ. „Татко“ е трогателна, брутално искрена приказна за десетгодишно момче во потрага по својот татко, кој го напушта за да почне нов живот во Германија.
Јубилејното издание на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари беше официјално затворено на 11 јули, со церемонијата за доделување на наградите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст