Во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ вечерва во 21 часот во рамките на Охридско лето гостува театарската претстава „Неопланта“ од Ласло Вегел, во режија на Андраш Урбан, во изведба на Театар Нови Сад.
„Неопланта“, е и роман и театарска претстава, еден вид разгледница од пеколот, но епилогот укажува на тоа дека овој град, кој „секоја локална нација го нарекува на својот јазик“, сепак, може да биде ветената земја, како и секоја друга.
„Неопланта“, според Ласло Вегел и Андраш Урбан, е всушност, перманентна историја на националните конфликти, во кои поединци паѓаат и се вознесуваат, бараат вистина и се лажат, живеат и умираат, убиваат и се убиени, како незапирливи членови, родови и видови, меѓу кои стои амбис.
Андраш Урбан дипломира на Академијата за уметност во Нови Сад, во класата на професорите Влатко Гилиќ и професор Боре Драшковиќ. Добитник е на многу награди и признанија меѓу кои и Специјалната награда во Будимпешта во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст