САД денеска го испорачаа на Ирак првиот контингент нарачани борбени авиони од типот Ф-16, соопшти канцеларијата на премиерот Хајдер ал Абади.
Во ирачката воздушна база Балад, која се наоѓа 70 километри северно од Багдад, денеска на пладне по локално време слетаа четири авиони, потврди претставник на ирачките воздушни сили.
Ирак нарача 36 авиони Ф-16 со вкупна вредност од 65 милиони долари, но првата испорака на авионите беше одложена поради безбедносни причини, откако џихадисти од групата ИД заземаа големи области на Ирак минатата година.
Испораката на американските воени авиони доаѓа непосредно по најавената од официјален Багдад воена операција за протерување на ИД од западната покраина Анбар.
Групата ИД на почетокот на 2014 година зазема големи делови на провинцијата Анбар, а во мај влезе и во главниот град Рамади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.