| четврток, 6 декември 2018 |

Почина пријателот на Македонија – 35-годишниот пратеник Мицфелдер

Philipp-Missfelder_thumb_medium500_333
Германскиот пратеник и висок функционер во партијата на Ангела Меркел, Филип Мицфелдер денеска почина во Берлин на 35 годишна возраст.
Мицфелдер беше задолжен за надворешна политика во партијата на Меркел и беше еден од петмината највисоко позиционирани политичари и најмлад член на германскиот Бундестаг.

Информацијата ја потврдија и од владејчката германска партија ЦДУ. Неофицијалните информации велат дека починал од пулмонарна емболија.

Мицфелдер важеше за голем пријател на Македонија. Едно од неговите последни интервјуа беше за ТВ Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top