| четврток, 6 декември 2018 |

Нуланд: Решението на кризата e во спроведување на договорот од 2 јуни

Gruevski Viktoria Nuland vlada (20) (Custom)
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања.

По средбата Груевски изрази задоволство од срдечниот, отворен и конструктивен разговор.

-Заеднички констатиравме дека односите меѓу нашите две држави се одлични и се карактериризараат со отвотен и континуиран дијалог и соработка, а се засновани на прниципите од Декларацијата за стратешко партнертво и соработка од 2008 година. Разговаравме за нашата стратешка определба, за што е можно поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО како и за потребата од итно започнување на преговорите за членство во Европската Унија, изјави Груевски.
Gruevski Viktoria Nuland vlada (19) (Custom)

Во пресрет на следниот самит на Алијансата во Варшава, идната година исполнетоста на критериумите за членство и учеството на припадниците на АРМ во повеќе мировни мисии на Македонија и дава потполно право за инсистирање за надминување на сите пречки за членство.

-Грчко-македонските разговори за надминување на разликите околу името треба да продолжат. Потребен е конструктивен пристап кон ефикасно решавање на наметнатите разлики и со добра волја и жеклба за успех, со склад со демократските принципи и со меѓународното право, подвлече Груевски.
Gruevski Viktoria Nuland vlada (17) (Custom)

Билатералните мерки за јакнење на довербата кои неодамна беа договорени Груевски ги оцени како добар чекор.

-Со ѓ-га Нуланд разговаравме и за актуелната внатрешно политички состојби и предизвици во Република Македонија, евроатланските врдености ни се водилка и во разрешувањето на тековните политички премрежја чие решение е едиснтвено можно како правен, институционален и политички процес, во согласност со уставниот поредок и воспоставените начела на демократија и владеење на правото, подвлече Груевски.
Gruevski Viktoria Nuland vlada (15) (Custom)

Во контекст на развојот на билатералните односи, додаде Груевски на средбата било констатирано дека економската соработка заостанува зад одличните политички односи.

-Затоа пак роуд-шоуата организирани во неколку наврати во минатите години несомнено дадоа дополнителен импулс во привлекување на нови американски компании во Република Македонија. Дел од нив веќе отворија свои капацитети , а дел градат нови или дури и дополнитени капацитети во кои отвораат голем број на нови работни места, истакна премиерот.

САД е пријател и парнер на Македонија веќе 20 години и за тие 20 години ние ја поддржуваме и охрабруваме евроатланската интеграција на Македонија.
Gruevski Viktoria Nuland vlada (14) (Custom)

-Политичката криза направи да биде многу тешко за лидерите да се фокусираат на евроатланските цели затоа мора да го надминеме тоа. Сега е време да се стави крај на оваа криза. Нам ни е мило што заедно со ЕУ, амбасадорот Бејли, еврокомесрот Хан се обидуваме да ги собереме партиите заедно околу еден пакет на разбирање кој ќе и овозможи на Македонија да се врати назад на избраниот пат, порача Нуланд.
Gruevski Viktoria Nuland vlada (12) (Custom)

Нуланд заклучи дека во Македонија има добра клима и волја за разрешување на политичката криза и порача дека колку побрзо се разреши истата толку побрзо луѓето ќе се вратат на својот нормален живот, економскиот развој, понатамошното привлекување на инвеситори, на сите оние работи кои ја прават Македонија силна и просперитетна.
Gruevski Viktoria Nuland vlada (10) (Custom)

Нуланд истакна дека заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, работеле на пакет договорот од 2 јуни и очекува за време на неговата утрешната посета да се надминат и последните неколку нерешени прашања од договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top