| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на Нуланд со лидерот на СДСМ

Nuland mnr popovski (1) (Custom)
Делегацијата предводена од помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд која денеска е во посета на Македонија се сретна со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На средбата, како што информира СДСМ, се разговарало за можноста за надминување на политичката криза при што Заев констатирал дека договорот од 2 јуни предвидува решенија за критичните прашања и рекол дека се потребни итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе ги спроведе изборите.

– Важно за граѓаните на Република Македонија е враќање на слободата и демократијата и обезбедување и заштита на човековите права. Во таа насока дејствува Социјалдемократскиот сојуз и инсистира на механизми што тоа ќе го овозможат, рекол Заев.

Според партијата, на средбата е изразена согласност дека се неопходни промени за функционалноста на институциите, судството и медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top