По повод Денот на државноста на Црна Гора, вечерва во Музеј на град Скопје, во рамки на фестивалот „Скопско лето“, ќе биде отворена изложба на црногорската уметница Милена Мијовиќ-Дурутовиќ, организирана во соработка со Заедницата на Црногорците во Македонија.
Мијовиќ-Дурутовиќ (Цетиње, 1971) дипломирала во 1994 на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње, гарфички оддел, а продолжила на постдипломски студии на ФЛУ во Белград, во класата на проф. Мило Грозданица. Од 1994 е член на УЛУЦГ. Во 1999 година била на студиски престој во Париз.
Имала повеќе самостојни изложби и учествувала во групни претставувања во Црна Гора и во странство. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на Народниот музеј во Цетиње, Центарот за современи уметности на Црна Гора во Подгорица, во колекцијата на галеријата „Хаос“ во Белград и во многу други приватни збирки. Од 1996 година е кустос во Центарот за современи уметности на Црна Гора.
– Во фокусот на уметничките истражувања на авторката се најдлабоки и најосетливи душевно-мисловни процеси. Добро однегуван и препознатлив ликовен ракопис, авторката овие сложени процеси ги трансформира, визуелизира во редуцирани знакови и симболи, оптоварени со универзални значења. Делата се ослободени од традиционалните функции на дискрецијата, но и модернистичка автономност на сликата. Наместо тоа, авторката на сликите со монументална форма инвестира во други арбитражни значења, како што се симбиоза, енергија и движење, пишува во каталогот за изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст