Општина Дојран ќе отвори прва библиотека на плажа, која ќе биде уживање за сите посетители. Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат и уживаат додека се на градската плажа во Дојран.
– Туризмот во Дојран од година во година се искачува на повисоко ниво. Инвестирањето во инфраструктурата, средувањето на градските но и приватните плажи, подобрување на сместувачките капацитети се дополнителни причини зошто Дојран е веќе полн и е атрактивна туристичка дестинација ова лето. Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас – изјави градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов.
,,Бездомниикот со златен часовник”, ,,Рингишпил”, ,,Сеќавање на љубовта”, ,,Шепнувачот”, ,,Кругот на животот”, ,,Полноќна роза”, се само дел од насловите кои ќе можат да се најдат на рафтовите на „Првата библиотеката на плажа”.
– Ја поздравувам иницијативата на Општина Дојран и проектот ,,Библиотека на плажа” кој градоначалникот Стамов ја воведе на Градската плажа во Дојран. Ова е одличен начин да се негува културата кај нас, а читањето книги да добие една поинаква димензија која се надевам дека ќе ја следат и ќе ја увидат успешен пример за надополнување на туристичките содржини и останатите туристички дестинацииво Македонија – изјави Дејан Павлески од „Клуб Матица“, подржувач на проектот “Прва библиотека на плажа”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст