| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во третиот барабан, пред ждрепката за ЕП 2014

Женската ракометна репрезентација на Македонија се најде во третиот барабан пред ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство, кое ќе се игра во Хрватска и во Унгарија, во 2014 година. Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот, а заедно со Македонија се и Словенија, Турција, Австрија, Белорусија, Полска и Словачка.

Според најавите од ЕХФ, на ждрепката, за која сѐ уште не е одреден термин, ќе бидат формирани 7 квалификациски групи. Oд нив, пет ќе бидат со по четири репрезентации и две групи со по три селекции.
Во првиот барабан се: Норвешка, Данска, Франција, Црна Гора, Шведска, Русија и Шпанија.
Од вториот барабан ќе ни се падне една од селекциите на Романија, Србија, Германија, Исланд, Холандија, Украина и Чешка.
Во четвртиот барабан се: Швајцарија, Италија, Португалија, Литванија и на Финска.
Првите две репрезентации од секоја квалификациска група ќе обезбедат пласман на ЕП 2014.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top