За некои од нив, да не ги знаете, не би можеле ниту да претпоставите дека можат да имаат некој што ги нарекува – бабо затоа што се уште згодни, ведри, полни со енергија, со младешки изглед, затегнати и во топ форма…
Некои дами пред името ја имаат титулата баба иако според изгледот, држењето и енергијата и многу млади девојки би можеле да им позавидат. И на нашата естрадна сцена има неколку дами кои имаат кој да ги нарекува “бабо”, но се далеку од типичната слика за баба. Некои од нив навреме размислувале за потомци, рано се омажиле, рано ги добиле децата, па нормално и рано добиле внуци.
Секако, децата и внуците се најголемото богатство на овие познати дами кои освен што низ животот биле преокупирани со кариерата, успеале да ги подигнат децата и, секако, да си дочекаат внучиња. За некои од нив, да не ги знаете, не би можеле да претпоставите дека можат да имаат некој што ги нарекува бабо затоа што се уште згодни, ведри, полни со енергија, со младешки изглед, затегнати и во топ форма.
Овие дами оставаат впечаток како да се во екот на младоста, а не дека некои од нив се во шестата, па и седмата деценија од животот. Вики Среброва, Јулија, Блага Петреска, Маја Оџаклиевска се баби со сите нишани, додека на оваа листа неодамна им се приклучи и Адријана Алачки која последниот месец има кој да ја нарекува баба, а тоа е зетот Игор. Во соседството пример на суперзгодни бабички се и пејачките Неда Украден, Ана Бекута, креаторката Верица Ракочевиќ…
Вики Среброва:
Пејачката која пееше “Игоре изгоре” и “Зелени очи” од бракот со фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци. Пејачката, позната по карактеристичните зелени очи, иако има 58 години не им се дава на годините, а посебно радикален чекор во својот изглед направи откако пред неколку години се подмлади со неколку естетски зафати. Сигурно внуците се гордеат со нивната убава бабичка.
Јулија:
Русокосата пејачка, а од неодамна и водителка, Јулија која по професија е дипломиран новинар кој долги години е на естрадата, иако е баба на Стефанија, која и е внука од ќерката единка Андријана зрачи со сексапил. Честопати потенцира дека е задоволна од својот изглед и фигура и гордо го покажува своето сексапилно тело, а во последно време е максимално фокусирана на вежбањето. Вели дека врз неа досега не играл хируршкиот нож, дека се е природно, а убавина и изгледот се одраз на духовниот мир што го има во себе и позитивна енергија. Секако, и гените си го прават своето.
Блага Петреска:
Пејачката која долги години опстојува на естрадата и препознатлива е освен по многуте фолк хитови, и по својот темперамент и енергија и од синот Олег и од ќерката Оља има внуци. Баба Блага која има 66 години неколку пати има изјавено дека најслатката обврска на една баба е чувањето внуци. Таа признава и дека откажувала настапи за да ги чува внуците додека биле мали и да им помогне на децата. Пејачката вели дека улогата на баба е преубава, а чувството не се опишува. Лексилиум не пие, но кога ќе ги види внуците се топи.
Маја Оџаклиевска:
Пејачката која долги години живее и работи во Белград е, исто така, горда баба. 60- годишната Маја вели дека си ја жртвувала кариерата заради децата Теа и Андреа, но не се кае. Баба е на петгодишното момченце Лука.
“Своите ќерки ги сакам најмногу на целиот свет, но таа љубов не можам да ја мерам со чувствата што ги имам кон внукот”, вели оваа супербабичка препознатлива по црвената коса која е нејзин заштитен знак.
Адријана Алачки:
Пејачката која како старее е се позгодна и пофатална. Зетот Игор и нејзината ќерка Грациела неодамна донесоа радост во семејството – Алачки стана баба.
(Извор: Медиа.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст