Со изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот Ла фура делс Баус од Шпанија, под диригентската палка на Хозеп Висент, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија на сцената на Античкот театар во Охрид свечено беше отворено 55. издание на најголемата музичкосценска манифестација фестивалот „Охридско лето“.
На сцената се појавија повеќе од 150 изведувачи, каде покрај музички беа вклучени и видео ефекти, вода, воздух, оквири.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој како покровител на манифестацијата го прогласи за отворено 55. издание на Фестивалот, посочи дека „Охридско лето“ не збогатува со музички, сценски и ликовни дела, кои преку изведбите на врвните уметници допираат до нас.
Според него, во периоди кога човештвото минува низ големи трансформации, како да заборава да погледне во огледалото на уметноста. – Растргнати сме меѓу безбројните избори и можности што ги нуди технологијата, без да знаеме на што точно да се посветиме. Се чини дека светот никогаш порано не бил толку материјално богат, а истовремено толку духовно сиромашен. Но, не губиме надеж, бидејќи, како што велат мудрите, убавината е таа што ќе го спаси светот. Човекот повторно ќе се огледа во неа и ќе се потсети на она што го дефинира, а тоа е да создава и да споделува уметност – истакна Иванов.
Во името на уметниците, режисерот Љубиша Георгиевски ја испрати пораката за 55. издание на фестивалот „Охридско лето“ во која се наврати во историјата на мултикултурализмот во Македонија.
На отворањето присуствуваа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, министри и јавни личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст