Состојбата на повредените српски државјани во вчерашната сообраќајна несреќа кај Демир Капија е стабилизирана. Во несреќата загина Миланка Бандука (63) од Нова Варош, додека нејзината ќерка Александра (38) и зетот Милан Којиќ (40), како и двете внучиња, од кои едното потешко се повредени.
Семејството патувало во Грција на море, а несреќата се случила кога возилото „ситроен берлинго“, со кое управувал Којиќ, излетало од патот, ја пробило заштитната ограда на надвозникот, а потоа паднало во амбисот. Возилото потоа се забило во бетонскиот столб на надвозникот, пишува Блиц.
Несреќната жена починала на лице место, додека Александра Бандука Којиќ, ќерка на настраданата се здобила со полесни повреди, а нејзиниот маж, поради повреда на кичмата и раката сместен е на одделението за трауматологија на скопските клиники. Нивниот син И.К. здобил нагмечување на главата и се наоѓа на одделението на неврохирургија, додека деветомесечната ќерка И.К. има полесни повреди.
-Мајката и бебето се стабилни и не се животно загрозени, додека потешко е повредено постарото дете-изјавил лекарот Александар Жупановски.
Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата, но се претпоставува дека Којиќ од замор заспал на воланот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.