
Како главен организатор на нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ, српските безбедносни служби го посочија Асим С, висок функционер на босанската владејачка Партија на демократската акција.
Според српски „Блиц“ Асим е соработник на лидерот на Бошњаците Бакир Изетбеговиќ, а за инцидентот во Сребреница собрал група криминалци блиска до Насер Ориќ, кого Белград го бара поради воени злосторства над Србите.
Српските безбедносни служби имаат и снимки и фотографии од Сребреница кои докажуваат дека Асим С. диртектно учествувал во нападот над Вучиќ. На една од нив дури и се гледа како тој, облечен во воена униформа и со беретка на глава, фрла камења врз делегацијата на Вучиќ. На друга фотографија Асим С. е снимен пред почетокот на одбележувањето на годишината од злосторството во Сребреница.
Асим С. во партијата е задолжен за доверливи работи. До влезот во политика соработувал со некогашниот водич на криминалот во Сараево, Рамиз Делалиќ Чело, кој во 2007 година е убиен во Сараево. Во убиството на Чело наводно е вмешан Насер Кељменди од Косово, но и многу влијателни луѓе од Босна и Херцеговина.
Асим С. на својот профил на Фејсбук сам посочува дека во текот на војната бил доброволец во војската на БиХ, во чија униформа беше во Сребреница, и дека двапати бил ранет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


