| четврток, 6 декември 2018 |

Харис Берковиќ е „Ѕвездата на Гранд“, Македонците одлични домаќини

Ален Хасановиќ го освои четвртото место, а Филип Божиновски беше трет. Новата ѕвезда на гранд е Харис Берковиќ. Тој го доби станот во Белград и ќе добие свој цд – албум, а додека пак сите 12 финалисти ќе добијат своја песна.

04 (Large)
Синоќа се одржа финалето на Ѕвездите на Гранд и тоа во СРЦ „Борис Трајковски“. Македонците се покажаа како мошне весели домаќини, кои на топол начин ги пречекаа гостите. Освен што салата беше преполна, можеше насекаде да се видат кренати раце и распеани фаци.

Македонија имаше двајца претставници и тоа Ален Хасановиќ и Филип Божиновски. Тие макотрпно се изборија за да стигнат до големото финале, при што освојуваа публика и надвор од нашата земја.
03 (Large)

Во финалето се претставуваа 12 натпреварувачи: Билјана Сулимановиќ, Харун Мехмедагиќ, Наида Бешлагиќ, Ален Хасановиќ, Марина Станкиќ, Харис Берковиќ, Тамара Драгиќ, Семир Јахиќ, Белма Каршиќ, Билјана Марковиќ, Филип Божиновски и Сеад Хоџиќ. Новата Ѕвезда на Гранд е Харис Берковиќ, кој си доби стан во Белград и можност за снимање албум. Филип стигна до трето место, додека Ален до четврто, кои заедно со останатите суперфиналисти исто така ќе добијат награда, снимање песна од најпознатите автори на Балканот.
01 (Large)
Пред самото прогласување на победниците, настапи Лепа Брена, која публиката долго ја очекуваше. Таа испеја со свој постар хит, но го искористи моментот да промовира и нова песна ексклузивно пред македонската публика, „Ljubav nova“. Исто така, свој настап имаа и останатите членови на жирито.
02 (Large)

Вечерва, суперфиналистите повторно ќе се соберат за да ги споделат впечатоците од Скопје, но овој пат тоа ќе го направат во студиото.
haris6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top