| четврток, 6 декември 2018 |

Нивните сопрузи никогаш не ги виделе без шминка – тајна на среќен брак или несигурност?

Секоја вечер пред да си легна да спие, Саманта Миклетвајт поставува два аларми на својот телефон.

zeni

Првиот ѕвони во 4 часот, таа станува од кревет и оди во бањата без да забележи нејзиниот сопруг. Таму ја вади шминката, која ја носела на себе, само за потоа да нанесе уште поголема количина на шминка.

И покрај тоа што повеќето ќе се согласат дека таа изгледа многу убаво и без шминка, сепак, Саманта никогаш не дозволила нејзиниот сопруг да ја види како таа изгледа природно.

sminka

-Се грижам дека нема да му се допаднам на мојот сопруг. Тој знае како изгледам само со шминка на мене. По малку е исцрпувачки да станувам секое утро и да се трудам да биде тоа пред да стане мојот сопруг, но мислам дека тој се заљуби во мене, во мене со шминка, објаснува Саманта, која со својот сопруг Вејн е во брак една година, а претходно се забавувале 3 години.

Но, Саманта не е единствената. Едно скорешно истражување покажало дека една третина од жените во светот, тајно се шминкаат од своите сопрузи, додека 3 % од нив никогаш не дозволиле сопругот да ги види без шминка.

Слична приказна делат и Силвија Џарет (70).

sminka1

-Мојот сопруг никогаш ме нема видено без шминка. Јас само сакам да ја задржам романтиката во нашиот брак, изјавила Саманта која е во брак со Геоф (70), веќе 6 години.

Сузан Еванс (46)

sminka2

-Моите пријатели сметаат дека сум површна личност, но јас само сакам да бидам убава и средена за мојот сопруг, тврди Сузан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top