Искушенијата во облик на напад на глад или желбата за омилените грицки или слатки и се најголеми непријатели на вашата решеност да истраете во диетата или да ја зачувате моменталната линијата со која сте задоволни.
Еве некои од триковите што ги применуваат луѓето кога ќе почувствуваат глад.
1. Знаете ли дека постојат мириси со кои можете да го задоволите гладот? Направете миризлива мешавина од етерично масло од цимет и каранфилчиња и чувајте ја во мало шишенце. Секогаш кога ќе паднете во искушение да ги прекршите правилата на диетата длабоко вдишете од мирисот што се шири од вашето шишенце и чувството на глад ќе исчезне.
2. И соодветните вежби на дишење можат да ви помогнат да му одолеете на искушението. Правилното дишење ја стимулира работата на оној дел од мозокот што ги контролира нагоните, па и гладот. Едната рака ставете ја на градите, на ниво на срцето, а другата на стомакот, длабоко вдишете и пуштете воздухот што сте го вдишале слободно да се спушти до стомакот, па полека издишете. Направете кратка пауза, почекајте повторно да воспоставите нормален начин на дишење, па повторете ја целата вежба. Во меѓувреме сосема ќе заборавите на гладот.
3. Штом ќе осетите дека стомакот ви кркори и бара храна, испијте една голема чаша вода и тоа барем на половина час ќе ја одложи вашата желба за храна.
4. Измијте ги забите. Самиот факт дека нешто правите, ќе ги сврти вашите мисли од храната. Уште ако сте од оние на кои не им годи храната веднаш по миењето на забите, сте ја постигнале целта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст