Анти – кандида диета е специфичен начин на исхрана со кој се спречува ширењето на кандидата, и кај здравите и кај пациентите кои страдаат од оваа габична инфекција. Кандида е габа која обично живее во дигестивниот тракт на секој човек .
Заедно со корисните бактерии и другите микроорганизми кои живеат на просторот на нашите црева. Затоа нездравото размножување на кандидата обично започнува во дигестивниот тракт, каде инфекцијата постепено се шири во другите делови на телото. Кандидата и исхрана се во голема поврзаност. Строго контролирана исхрана е важен фактор во борбата против кандида, бидејќи е неопходно да и се одземат материите кои и користат.
Што не треба да се јаде за време на анти – кандида диетата?
Анти кандида диета ги пропишува најстрого избегнување на шеќер, бидејќи тоа е омилената храна на габите. Затоа, шеќерот е строго забранет, дури и во мали количини, како додавањето шеќер во кафе или чај.
Освен рафинирано белиот шеќер, треба да се избегнува и кафеавиот шеќер, медот и сите можни слатки кои содржат многу шеќер (торти, колачи, чоколадо …).
Да се исфрли од јадење овошјето што содржи шеќер, а на таа листа се речиси сите плодови, освен лимон и грејпфрут.
Сите храни настанати преку процесот на ферментација, како што се, на пример, киселата зелка, оцетот … Освен јогуртот.
Млеко, сирење и други млечни производи, од кои некои се исклучоци, како путер и јогурт.
Квасец и секаков вид на леб или пецива добиени од киселото тесто со користење на квасец. Тука не треба да заборавиме дека и пивото содржи квасец, па затоа е непожелен напиток за време на анти кандида диетата.
Сите видови на габи.
Свинско во било каква форма.
Храна богата со скроб и прости јаглени хидрати (компири, бело брашно, бел ориз, лиснато тесто …)
Конзервирани производи.
Шлаг и сладолед.
Кафе, црн чај, алкохолни и слатки пијалаци.
По овој список многумина во паника ќе се запрашаат: ” Што тогаш да јадеме?”. Сепак, решението е на листата на посакувани производи.
Дозволена храна за време на анти кандида диетата
Во текот на анти кандида диетата дозволено е да се јаде свеж и варен зеленчук (морков, цвекло, домати, брокула, бриселско зелје, карфиол, зелка, кељ, целер, лук, кромид, марула …). Речиси секој зеленчук, освен бостанот (лубеница и диња), поради високата содржина на шеќер. Дури и тиквата тргнете ја настрана.
Мешунки (грав, грашок …)
Интегрални житарки (пченка, пченица, овес, јачмен, ‘рж, ориз, просо …), освен шеќерна пченка.
Јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви …)
Семиња (лен, сончоглед, тиква …)
Леб и пецива од интегрално брашно и без квасец.
Од месото е дозволено месо од пердувести животни, дивеч, риба и морски плодови.
Пилешка супа со зеленчук заедно со зачин од билки, по желба и вкус.
Млеко од соја, тофу сирење, јогурт.
Путер, маргарин и растително масло.
Чаеви (брусница, жалфија, камилица), дозволено е додавање на сок од лимон.
Освен чаеви, анти кандида диетата бара и поголемо внесување на вода, поради прочистување на организмот.
За анти – кандида диетата да биде ефикасна, неопходно е да се придржувате кон неа преку подолг временски период, а особено кога габичната инфекција ќе се повлече,поради спречување од нејзино повторување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст