Во изминативе две години НАСА изгубила вкупно 74 лица, а никому не му е јасно што е причината за тоа. Нивните најдобри научници починале на мистериозен начин, а голема е штетата бидејќи биле луѓе со квалитетна биографија.
Алберто Бехар е научник кој работел во НАСА и за жал починал под мистериозни околности кога авионот со кој управувал се срушил на улиците на Лос Анџелес. Тој бил главен и одговорен за откривање на вода на Марс, а покрај тоа се занимавал и со воздухопловство.
Несреќата се случила бидејќи од непознати причини леталото почнало да губи висина, иако условите за летање биле идеални.
Овој трагичен настан е еден од 74 сомнителни, смртни случаи во изминативе две години.
Џоеп Ланџ бил водечки истражувач за AIDS, кој загинал во авионската несреќа на малезискиот авион МН17.
Мелиса Кетунути (35) била докторка спрецијализирана за рак, а починала бидејќи останала заглавена во подрумот на својата куќа во Филаделфија.
Можеби еден од најбизарните смртни случаи е оној на Шејн Труман (31) кој е пронајден мртов во Сингапур. Таму бил на бизнис патување бидејќи работел со Кинезите на машина за воена одбрана. Непосредно пред смртта на своето семејство му рекол дека се плаши за својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст