| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас оптимист, Меркел загрижена, Јункер ќе се бори до крај

ципрас
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен за компромис, за германската канцеларка Ангела Меркел е изгубена довербата, а Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ќе се бори за решение – започна самитот на
земјите членки на еврозоната. Во следните часови ќе се решава за иднината на Грција. Grexit веројатно не е повеќе
главното сценарио, сега сите работат на корекции на грчкиот предлог за постигнување конечен договор

„Подготвен сум за еден достоинствен компромис. Тоа им го должиме на народите од Европа кои сакаат обединета, а не поделена Европа. Можеме вечерва да стигнеме до договор, ако тоа го сакаат сите инволвирани страни.“ – стои во изјавата на грчкиот премиер дадена пред почетокот на состанокот.
Канал 5 ја пренесува изјавата на Јункер:
„Јас ќе се борам до последна секунда за договор. Се надевам дека ќе имаме договор.
Германската канцеларка со строги пораки, дека сега, проблемот не е валутата туку изгубената доверба.
„Нема да имаме договор по секоја цена. Денеска ќе разгледаме дали постојат предуслови за преговори за нова програма.“ – рече Меркел.
На самитот му претходеше состанок на еврогрупата, од која што не излезе никакво официјално соопштение. Единствено Дајселблум, откри дека има големи нерешени прашања.
„Поминавме голем дел од патот, решивме многу прашања, но некои големи прашања се уште остануваат отворени. Сега одиме да ги информираме лидерите, за да дискутираат и се надевам да одлучат, за овие прашања.“ – рече претседателот на еврогрупата.
Неофицијално, Атина ќе биде потребно да воведе и други строги мерки, дел од нив, да ги одобри грчкиот парламент, а дури потоа да се потпише договорот. Изгласувањето би било еден вид гаранција за нивно спроведување. Кредибилитетот и довербата на грчката влада се дополнителен проблем за земјите членки на еврозоната, со оглед на тоа дека Ципрас завчера во парламентот доби голема поддршка, но од опозициските партии, од неговата СИРИЗА пак, најмалку 17 пратеници не се на иста линија со онаа на премиерот и министерот за финансии.
На Грција и е итно потребен договор за да избегне банкрот и излез од еврозоната, но и договор кој би резултирал со отворање на грчките банки и зголемување на ликвидноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top