| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот нарко бос ископал тунел под ќелијата и побегнал од затвор во Мексико

Мексиканскиот нарко бос, водач на моќниот мексикански нарко картел Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гусман повторно побегнал од затворот на периферијата на Мексико Сити, соопшти владата на Мексико. Мексиканските власти откриле тунел во должина од 1, 5 километри, кој кралот на дрогата го ископал за да побегне од затворот.

517895_2015-07-12t070439z-912071196-gf10000156697-rtrmadp-3-mexico-guzman_f-480x288

Почетокот на тунелот се наоѓал во ќелијата на Ел Чапо и води до зграда надвор од затворот. Ова е негово второ бегство за 14 години. Сигурносните камери го снимиле наркобосот последен пат во саботата навечер во подрачјето кое е добро покриено и чунано од чуварчите на затворот.

517896_2015-07-12t134624z-1473308078-gf10000156921-rtrmadp-3-mexico-guzman_f

Ел Чапо прв пат побегна од затворот во 2001 година, каде се скрил од властите во корпа за алишта, но маринците го вратиле во затворот во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top