| четврток, 6 декември 2018 |

Се венчаа Билјана и Филип на 42. Галичка свадба

Билјана Гегоска (29) и Филип Белчев (26) се венчаа во црквата „Свети Петар и Павле“, во Галичник, на Петровден, како што налага традицијата во овој мијачки крај. Тие беа годинешната двојка на 42. Галичка свадба.

Како одење по корените на предците. Така Билјана и Филип ја чувстуваат традицијата и беа среќни што се дел од најпознатата свадба во која се чуваат и негуваат македонските обичаи и верувања.

Канење на мртвите, канење на кумот, одење по вода, бричње на зетот, строевање на девојката, венчавка во црквата „Свети Петар и Павле“. Сето тоа го поминаа Билјана и Филип. Зурлите пиштат низ Галичник, мајовците свират, публиката на свадбата ужива.

На свад­ба­та и го­ди­на­ва при­сус­тву­ваа го­лем број по­се­ти­те­ли од зем­ја­ва и од странс­тво. Ту­ри­сти од Анг­ли­ја, Че­шка, Фран­ци­ја, САД и од Ав­стра­ли­ја во­о­ду­ше­ве­но ја прос­ле­ди­ја це­ла­та ма­ни­фе­ста­ци­ја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top