Некои од завојуваните страни во Либија денеска потпишаа договор под покровителство на ОН за формирање на влада на национално единство и прекин на борбите.
– Тоа е само еден, но важен чекор на патот кон мир, изјави специјалниот претставник на ОН за Либија Бернардино Леон на церемонија за потпишување на договорот, на која учествуваа претставници на парламентор во Тобрук, претставници на општини, политички партии и на граѓанското општество.
Претставниците на парламентот во Триполи не присуствуваа на средбата. Претходно тие го отфрлија предлогот за формирање на национална влада на единство и организирање на нови избори.
Либија, која падна во хаос по соборувањето од власт на Моамер Гадафи во 2011 година, има два парламенти кои меѓусебно не се признавата. Еден во Триполи и еден во Тобрук, кој е признат од меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент