Во селото Ротино, битолско деновиве бил убиен повратникот печалбар Павле Трајчевски (78).
Маскиран разбојник пред една недела го ограбил и со дрво го претепал Трајчевски во неговата куќа. По неколку дена претепаниот пензионер, како последица од добиените повреди, починал в болница.
„Тој беше здрав човек иако имаше 78 години. Требаше да си умре од природна смрт, а не на ваков начин, претепан од разбојници“, изјави за битолските медиуми Валентина Јошевска, ќерка на починатиот Павле.
Полицијата сѐ уште трага по убиецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст