| четврток, 6 декември 2018 |

Лек за импотенција

Дињата е плод пребогат со витамини, доволно јаглехидрати за да ве засити, има каротин и бета-каротин, аскорбинска и фолна киселина, минерални соли на железо, калиум, натриум и многу други корисни материи.

dinja

Според количината на витамин Ц, дињата не заостанува зад спанаќот, шпарглите, празот. Овој витамин што е важен за имунолошкиот статус на организмот, во дињата го има во количина од 30 до 60 мг.
Трудниците, децата и слабите адолесценти кои мака мачат со анемичноста и тешкото примање на вештачките препарати со железо, дињата го решава многу едноставно, бидејќи содржи многу железо. Колку за споредба: во дињата има 17 пати повеќе железо од млекото, 2 пати повеќе од месото. Сите оние кои имаат низок хемоглобин, сите реконвалесценти и лица со постојано чувство на замор треба редовно да го јадат овој вкусен плод, бидејќи ќе им помогне да си го подобрат здравјето.

Семки од диња се сушат на сонце или во рерна, а потоа се мелат во мелница за кафе. По една лажица од добиениот прав се зема три пати на ден, секогаш пред јадење. Терапијата има поголем ефект кога се јадат и по неколку маслинки и смокви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top