| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов не сакал да се евакуира од меморијалниот центар во Поточари по инцидентот со Вучиќ

Македонската делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, која присуствуваше на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, била во непосредна близина на инцидентот, каде главна мета на насобрана група граѓани беше српскиот премиер Александар Вучиќ.

ivanov vo srebrenica

Од кабинетот на Иванов објаснуваат дека од организаторите на настанот била понудена негова евакуација, но македонскиот претседател останал до крајот на комеморацијата.

Иванов денеска им оддаде почит на жртвите во Сребреница. Тој беше дел од многубројната делегација странски гости кои присуствуваа на одбележувањето на 20 години од геноцидот во Сребреница. Во местото Поточани покрај Иванов беа и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, првиот човек на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, како и поранешниот претедател на САД Бил Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top