
Засега непознати сторители фрлиле бината пред два угостителски локала во источно Сараево три бомби од кои една експлодирала нанесувајќи помала материјална штета, објави во саботата портпаролката на Центарот за јавна безбедност на Источно Сараево, Данка Тешиќ.
Бомбите биле фрлени ноќта кон саботата, околу 1,30 часот по полноќ, а двете кои не биле активирани ги отстраниле припадници на Републичката управа на Цивилната заштита на ентитетот Република Српска кој има надлежност врз источниот дел од босанскохерцеговската престолнина Сараево, населен претежно со етничко српско население.
Агенцијата Срна добила потврда дека нема настрадани, како и дека полицијата ги собрала доказните материјали и дека, покрај еден од објектите биле оштетени и два автомобила паркирани во близина. Засега нема индиции за мотивите на бомбашкиот напад.
Сопствениците на локалите не сакале да го коментираат инцидентот, но истакнале дека немале проблеми со постојаните муштерии. Станарите на блиската зграда, пак, изјавиле дека се многу уплашени особено за безбедноста на нивните деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


