
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски денеска поделија едукативни флаери на англиски јазик на туристите кои го преминаа граничниот премин „Табановце“, во рамки на превентивната сообраќајно-едукативна акција, „Летна кампања 2015 година“.
Чавков нагласи дека кампањата е еден од сегментите кои МВР ги спроведува за безбедност во сообраќајот.
– Ја имаме предвид динамиката и фрекфенцијата во летната сезона и временските прилики од една страна, а од друга страна и состојбите со нашите патиштата, особено на коридорите 8 и 10 кои значително се повеќе оптеретени со фрекфенција, изјави министерот Чавков.
Тој смета дека кампањата ќе придонесе за обезбедување посоодветни безбедносни состојби во сообраќајот на патиштата, а веќе, додаде, се бележи намалување на сообраќајни незгоди.
– Само за илустрација, во првата половина од 2015 имаме значително намалување на сообраќајните несреќи со смртни последици.Мислам дека годинава имаме 60 случаеви со смртни последици за разлика од преходната кога имавме 71 случај, рече Чавков.

Тој најави дека МВР со интензивни мерки и активности ќе продолжит да спроведува превентивни кампањи, но ќе се преиспитаат и ефективноста во постапувањето на сообраќајната полиција во идентификување и санкционирање на оние прекшоци за кои, подвлече, се клучни причинители за тешките последици во сообраќајните незгоди.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стаменковски, потенцира дека целта на кампањата меѓу другото е и е зголемување на безбедноста во сообраќајот на странските туристи кои тразнизитираат низ Македонија и подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.Апелираше до македонските и странските туристи да ги почитуваат правилата, прописите и одоговрно да се однесуваат во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


