Не треба да имаме совршени пропорции за да изгледаме привлечно и посакувано. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате послабо.
1. Исправете се
Доколку го поправите своето држење, не само што ќе ви се намали стомачето, туку и самодовербата веднаш ќе ви порасне. Доколку иамте мали гради, исправете се и ќе ги истакнете. Правилното држење го прави вашето тело повитко и многу е важно да се исправиме бидејќи на тој начин изгледате посигурни во себе, а со самото тоа и попривлечни.
2. Носете соодветен број на долна облека
Тоа што ви треба е соодветен број на долна облека, што значи, нема „спојлери” на грбот кои висат или стомаче кое излегува преку работ на гаќичките бидејќи се премал број.
3. Внимателно одбирајте ги боите
Избегнувајте светли бои бидејќи тие ве прават покрупни отколку што сте. Општо е познато дека темните бои, особено црната ве прават послаби, па затоа настојувајте да носите темни нијанси. Исто така, избегнувајте хоризонтални линии бидејќи тие визуелно шират. Доколку сте покрупни во долниот дел на телото, бирајте потемни панталони, здолништа или фармерки.
4. Носете облека која и одговара на вашата градба
Доколку сте ниски и малку покрупни, чевли со платформа или чизмички ќе ви дадат малку висина и ќе ви ја издолжат фигурата. Доколку сте високи и крупни, чифт темни балетанки или чевли со ниски потпетици, визуелно ќе ве направат пониски. Избегнувајте тенки потпетици и чевли со шпиц бидејќи тие подобро им прилегаат на оние со повитка градба.
5. Избегнувајте ги муабетите за дебелина
Овие разговори многу лошо влијаат на вашата самодоверба, а факт е дека поголемиот број од луѓето не го забележуваат тоа колку вие, бидејќи секој е преокупиран со себе. Гордејте се со своето тело онакво какво што е. Самодовербата е клуч на добриот изглед. .
8. Носете облека во соодветна големина
Доколку носите конфекциски број 44, не се обидувајте да влезете во 40-ка. На тој начин само ќе изгледате подебело бидејќи се на вас ќе истекува. Но, исто така не носете ниту големина која ќе ве проголта. Добро проценете го своето тело и носете облека која ви одговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


