| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некои мажи претпочитаат секс со проститутка

seks1-450x291Денес на мажите им е многу полесно да дојдат до секс, сепак одреден број мажи претпочитаат да платат за „љубов“ отколку да се впуштат во врска.
Минатата година беа објавени резултати од едно истражување, кои покажуваат дека во Велика Британија еден од десет мажи платил за услугите од проститутка. Во резултатите од истражувањето објавено во магазинот „Sexually Transmitted Infections“, има податок и дека кон уживање во магиите на професионалите најсклони се мажи на возраст измеѓу 25 и 34 години, кои консумираат алкохол и наркотици.

Голем број мажи, кои зад себе имаат многу сексуални партнерки, признале дека еден дел од нив го сочинуваат „продавачките на љубов“. Меѓутоа, ако мажите веќе не сакаат да се врзуваат емотивно, зошто во време кога во светот владеат врските за една ноќ, повремени комбинации, другарски секс, кога е можно да се најде девојка расположена само за тој вид дружење речиси на секој чекор, припадниците на посилниот пол избираат да платат за оргазам?

Минатата година, британски „Cosmopolitan“ објави објаснувања за овој феномен од неколку мажи што ги користеле услугите на проститутки. Тие го навеле следното:
„Спијам со дами за придружба кога сум на бизнис-патување“, рекол 28-годишниот Сем, и ја појаснил својата причина.

„Со тие девојки станува збор само за краткорочно задоволство, а ми се допаѓа недостигот на емоционална вклученост и фактот дека тука нема неверство. Јас сакам секс. Таа сака пари. Ако и двајцата уживаме на патот кон исполнување на своите желби – уште подобро“.

„Спијам со проститутки кога не можам да разговарам со жените“, објаснува 36-годишниот Џо од Лондон. Тој истакнува дека нема премногу самодоверба кога ќе се најде во близина на жени. Се обидел да запознае девојки преку интернет, но не му одело, па се свртел кон дамите што се занимаваат со најстариот занает.
„Ангажирав проститутка со својата девојка“, признава 30-годишниот Ричард, стилист од Лондон, кој открил дека неговата девојка некогаш била стриптизерка и е многу слободна кога се работи за сексот, па одлучила да се забавуваат на овој начин – иако нему му било забрането да има сексуален однос со професионалката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top