| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци: Детонацијата беше многу јака, дворот беше во прашина, скршени стакла на сите страни

eksploЗагрижени и исплашени за својата безбедност се граѓаните кои живејат во зградите на Градскиот плоштад во Куманово, пренесе KumanovoNews.
Тие велат дека од детонацијата се тресела зградата, по што тие испаничени излегле да видат што се случува.

“Беше многу јака детонацијата и сите не разбуди. Кога излегов на тераса дворот беше во прашина. Скршени стакла на сите страни, посебно на станот кој е на први кат. Многу сме загрижени , не знаеме за што се работи и чекаме од СВР Куманово официјална информација за да не нагаѓаме “­рече Деан Илиевски, станар од зградата.

Увидот на СВР Куманово и крим техника се уште трае. Местото е обележано со ленти и се забранува поминување на луѓе низ тунелчето, каде била подметната експлозивната направа. На лице место се забележуваат скршени стакла од петокатницата и на паркингот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top