| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина во очекување на тајфун евакуирани над 865 илјади лица

tajfun japonija

Повеќе од 865 илјади лица се евакуирани денеска во источната кинеска покраина Зеџијанг, во очекување на тајфунот Чан Хом, кој би можел да предизвика лизгање на земјиштето во околината на Шангај.

Тајфунот содржи ветрови со брзина од 173 километри на час и може да биде најголемиот кој ја погодил Кина од 1949 година. Тој ќе донесе поројни дождови во Шангај и источните покраини Анхуим Фуџијан и Џианцу.

Властите на Зеџијанг повикаа 29 илјади рибарски бротчина да се вратат во пристаништата и објавија дека се приближуваат бранови со висина до десет метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top