| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците славеа како да се Светски шампиони

q

Во петокот на улуците во Приштина и Тирана, масовно се славеше одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, прекинатиот квалификациски натпревар во Белград, помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија, да биде регистриран со службена победа на гостинската селекција од 3:0.

Пред неколку месеци, УЕФА овој натпревар го регистрираше со службена победа на Србија од 3:0 затоа што гостинскиот тим не сакаше да го продолжи натпреварот после немилите сцени на зелениот терен.

Сепак судот ја промени одлуката на Европската куќа на фудбалот и така квалификацискиот натпревар е регистриран со службена победа на Албанија.

q1

Ваквата одлука предизвика невидена радост помеѓу албанските навивачи, па неколку илјади излегоа на улиците во Приштина и Тирана со цел да ја прослават службената победа.

На улуците беа палени секакви пиротехнички средства, имаше огномет, се вееа албанските знамиња, но имаше и знамиња на “голема Албанија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top