| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Рамадановски: Изгубив се што стекнав досега!

Познатиот фолк пејач Џеј Рамадановски се најде во мошне тешка финансиска состојба. Поради големи долгови морал да продаде се што заработил досега. Пејачот сам призна дека состојбата во неговиот живот не е баш најдобра, но дека добро се држи.
-Точно е дека ги изгубив становите и дека го возам автомобилот на ќерка ми. Знам како е да се биде и горе и долу, рече меѓу другото Џеј за весникот „Стар“.
Според изворите на весникот, пејачот во последно време го намалил конзумирањето на алкохол, што во минатото било негово вообичаено однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top