Циметот е зачин со лековити својства кои им биле познати на луѓето од многу одамна. Најчесто се купува во прав и како таков не е најпогоден за јадење, туку треба да се помеша во некој пијалак или храна. Една од можностите е токму мешавината со јогурт.
Важно е да се користи нискомасен јогурт и квалитетен цејлонски цимет.
Циметот го намалува шеќерот во крвта
Истражувањата покажаа дека по половина лажичка цимет на ден, може да го намали нивото на шеќер во крвта, особено ако станува збор за дијабетес тип 2. Некои од тие истражувања го потврдија и дејството на циметот врз холестеролот и триглицеридите.
На тој начин, циметот како лек стана признат и за дијабетес и за холестерол.
Познато е дека циметот се додава во колачи и разни други слатки; дека од него се прави лековитата мешавина со мед (која не смеат да ја консумираат дијабетичари), па затоа циметот со јогурт е идеалната комбинација. Секако, на оваа мешавина можете да додадете според вкус некое овошје или житарици, според она што вашата здравствена состојба ви дозволува.
Цимет и јогурт како диета за слабеење
Оваа диета трае 10 дена:
Секое утро за појадок се пие 200 мл јогурт со половина лажичка цимет. Во јогуртот може да се додаде и еден грст житарици или овошје.
Ручекот е вообичаен, да не се претерува.
За вечера повторно се пие 200 мл јогурт и половина лажичка цимет, но овој пат без додатоци.
Во текот на диетата треба да пиете многу вода и да бидете физички активни.
Оваа комбинација исто така, се користи надворешно, за нега на кожата од лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст