| четврток, 6 декември 2018 |

Потпретседателот на СДСМ, Узунов, го напушта Заев поради слабиот рејтинг на СДСМ?!

uzunov
Последната анкета на ИРИ, која покажа двојна предност на владејачката СДСМ во однос на опозициската СДСМ, направи проблеми во редовите на опозицијата. Денеска се огласи и потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов. Тој во својата денешна колумна за „Утрински весник“ јасно го кажа својот став за политиката на СДСМ и за анкетата на ИРИ, што е целосно спротивен од тој на Зоран Заев.

-Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има каква било смисла мојот натамошен ангажман во политика – напиша профсорот Узунов.
uzunov

Со целосно спротивен став излезе претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој пред неколку дена изјави:
– Во хибриден режим, којшто опстојува нашето општество, автократско владеење од страна на Груевски, какво што го дебатираме, разговараме, и ние и сите меѓународни институции, ниту една анкета не е релевантна. Никој не може да верува во такви анкети.
zaev

Професорот Узунов ги признава резултатите на ИРИ како релевентен показател на јавното мислење. По ваквите анкети тој најави дека ќе се дистанцира од политиката. Ова според многумина може да се протолкува дека Узунов како потпретстедател на СДСМ се противи на политиката која ја водат Зоран Заев и Радмила Шекеринска и го напушта раководството на партијата поради нивните погрешни потези и одлуки.

Негативната кампања која СДСМ ја негува со години носи само негативни поени за самата партија. Немањето програма, стратегија и изграден став за актуелните случувања носи пад на рејтингот на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top