Зоран Павловски, сопругот на Сузана Тодоровска-Павловска која на 7 јули годинава загина откако автомобил со голема брзина налета на неа додека таа чекаше на пешачки премин, побара помош од јавноста.
На својот профил на „Фејсбук“, Павловски бара препорака за најдобриот адвокат во Македонија, кој ќе му ја донесе правдата за неговата сопруга.
Vi blagodaram na site za iskazanoto socuvstvo…..Imam golema molba: Mi treba informacija za dobar, najdobar advokat…
Posted by Zoran Pavloski on петок, 10 јули 2015
Претходно денес на Јавното обвинителство му изрече притвор во траење од 30 дена на скопјанецот Б.Б. (37), кој вечерта со возило „опел“ налета на Павловска кај трговскиот центар „Зебра“.
Според првичните сознанија, како што е наведено во соопштението од ЈО, добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека возачот бил под дејство на алкохол.
– Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанција што ја содржи растението канабис – информираат од Обвинителството.
Надлежен јавен обвинител извршил увид на местото по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот наредил и вршење обдукција над починатото лице.
– Надлежниот обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка. Против осомничениот, кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување докази и расветлување на настанот, стои во соопштението.
Во сообраќајна несреќа загина 50-годишната Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.