| четврток, 6 декември 2018 |

Данците шокирани од одлуката на судот во Лозана

danska

Подеднакво како и во Србија така и во Данска се следеше одлуката на Спротскиот суд за арбитража во Лозана во случајот за прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките од квалификациите за ЕП 2016 година.
Јавноста во Данска е шокирана по одлуката натпреварот да се регистрира со службен резултат 3-0 за Албанија и да ѝ се доделат три бода на репрезентацијата која одби да го доигра натпреварот.
Репрезентацијата на Данска е во иста квалификациска група со Албанија и Србија и исто така е засегната со доделените три бода на Албанија.
Додека Албанците слават, Србите и Данците мислат дека целиот случај е исполитизиран.

Во врска со ова се огласи и селекторот на Данците, Мортен Олсен.

– Шокиран сум и сум во потполна неверица. Кога ќе се сетам на 2007 година и нашиот натпревар против Шведска, се доаѓа до констатација дека сѐ е против нас. Овој пат е во прашање лобирање и политика – изјави Олсен, селекторот на Данска.

Албанија и Данска сега имаат по 10 бода и се зад Португалија, а нивниот меѓусебен дуел е на 4 септември.

– Сами одлучуваме за својата судбина, но сигурно дека ситуацијата сега ни е отежната – додаде Олсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top