Во Прифатниот центар за странци, во павилјонот каде што се сместени емигрантите синоќа во 20:30 часот е регистрирано нарушување на јавниот ред.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, група од осум лица странски државјани се затвориле во една од собите, поставиле на вратата ормари и кревети за да не може да се влезе и почнале да извикуваат слогани и се заканувале дека ќе ја запалат собата.
Преземени се веднаш мерки, известена е БППЗ, упатени се патрола од АЛФА-тим, патрола од ПС „Бутел“ и единицата ЕЈРМИ. По еден час состојбата е нормализирана и се работи на расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст