| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во прифатниот центар за странци

Во прифатниот центар за странци, во павиљонот каде се сместени мигрантите синоќа во 20 и 30 часот е регистрирано нарушување на јавниот ред.

prifaten-centar-za-stranci-

 

Според информациите на МВР, група од осум лица странски државјани се затвориле во една од собите, поставиле на вратата ормари и кревети за да не може да се влезе и почнале да извикуваат слогани и се заканувале дека ќе ја запалат собата.

Преземени се веднаш мерки, известена е БППЗ, упатени се патрола од АЛФА­тим, патрола од ПС „Бутел“ и единицата ЕЈРМИ. По еден час состојбата е нормализирана и се работи на расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top