Македонецот Виктор Груев, вонреден професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД, на 13 јули во амфитеатарот на Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе одржи предавање на тема „Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.
Триесет и деветгодишниот проф. Груев е изумител на специјално дизајнираните очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот претставува вистинска мала револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки и запазување на здравото ткиво.
Во своето предавање проф. Груев ќе зборува за два типа сензори чијшто дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и во онкологијата. Првиот сензор е дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите мантис, а вториот се заснова врз визуелниот систем на пеперугите монарх.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст