„Фејсбук“ ги претстави промените во “News Feed”, кои на корисниците ќе им овозможат на почетната страница да ги читаат вестите кои што тие ќе сакаат да ги читаат.
Станува збор за, како што тие велат – алатка, односно можност корисникот да избере страници и пријатели чии што објави не сака да ги пропушти.
Исто така пристигнуваат добри вести и за новокреираните страници кои од сега полесно ќе можат да бидат пронајдени од корисниците. Тој дел од алгоритмот ќе функционира така што ќе ги следи фан-страниците кои што корисникот претходно ги „лајкнал“.
За да ја овозможите оваа функција, потребно е да кликнете на „News Feed Preferences” во менито од апликацијата за мобилни телефони. Оваа надградба засега само е достапна за корисниците на iOS, а надградбата за Андроидите и компјутерите пристигнува во следните неколку седмици, велат од „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.