Во новиот број на Република ќе читате:
Македонките раѓаат сѐ постари
Порано баби на 40 години, денес мајки
Според статистиката, просечната возраст на мајките при раѓање на првото дете се зголемила од 23,5 во 1994 година, на 25,3 во 2006 година. Веќе во 2012 година просечната возраст на мајката при раѓањето на првото дете изнесува 26,3 години. Во 2013 година таа граница се поместува на 27,6 години, за минатата година да има мала отстапка – 27,7 години. Социолозите велат дека поместувањата во статистиката се последица на модерниот начин на живеење и темпото кое е наметнато. Жените не се домаќинки кои треба да се грижат за домот, а мажот веќе не е тој што треба да се грижи за финансиите и за имотот. Жените заработуваат исто колку и мажите.
Зошто СДСМ ги крие своите анкети?
Џабе бомби, џабе лаги
Меѓународниот Републикански Институт со седиште во Вашингтон му го зададе најголемиот удар на лидерот на СДСМ во неговиот обид не нелегален и неморален начин да дојде до власт. Откако ниту еврокомесарот Хан , ниту Груевски, ниту дел од членовите на неговата партија не успеаја да го убедат дека греши Зоран Заев од преку барата го доби најдобриот аргумент дека со илегални материјали не се добива доверба од народот
(Ин)директна демократија
Зошто Брисел не сака плебисцит?
Грчкиот плебисцит ги збуни сите во Европа, дури и заколнатите во демократските принципи кои секогаш тврдат дека ЕУ, всушност, почива на гласот на народот и на неговата желба за иднината. Но, забуната траеше кратко. Веднаш штом европската политичка елита, која не се ни обиде да ги праша граѓаните што мислат за грчкото „охи“, реши дека тоа е против финансиските интереси на еврозоната, работите станаа јасни. Европа одамна не ја интересира што мисли обичниот народ, а политичките лидери во малите и слаби земји (Грција иако за нас е голема за ЕУ е минорна сила) или ќе слушаат што им се кажува или ќе ги нема.
„Република“ во Катерини
„Да“ за милијарди евра, „охи“ за обврски
Иднината на Грција е потполно неизвесна и ги вклучува сите опции. Кажано со туристички речник – олинклузив неизвесност. Ексклузивното грчко „не“ кон реформите, пак, сега се стреми кон еврото и кон шенгенскиот договор. Мечтаејќи за руските туристи, брегот на Егејско Море може да ги сонува стоте илјади Македонци од ланскиот јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст