| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија спасени над 800 емигранти

ими

Италијанските граничари соопштија дека изминатата ноќ се спасени 823 емигранти во осум различни операции, додека од морето се извадени 12 безживотни тела.

Над 70.000 емигранти пристигнаа на италијанскиот брег од почетокот на годината, што е рекорд во однос на претходната година кога се регистрирани 64.000 емигранти во првите шест месеци.

Берлин и Париз вчера во Луксембург се обврзаа дека ќе земат третина од 60.000 емигранти кои ЕУ планира да ги прифати за да им помогне на Италија и на Грција, кои се под многу силен миграциски притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top