| четврток, 6 декември 2018 |

Руска воена вежба во Црно Mоре

shoigu-putin-mil.ru_Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба за непланирана воена вежба во регионот на Црно Море, соопшти Кремљ. Ваквиот потег може да доведе до раст на тензиите со соседните земји, особено со Украина и со Грузија.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, пред новинарите во Москва изјави дека Путин наредбата ја издал во четири часот по локално време, веднаш по враќањето од Самитот на групата БРИКС во Јужна Африка.

Во воените маневри ќе учествуваат неколку илјади војници и десетина бродови. Наредбата на Путин е испратена до министерот за одбрана Сергеј Шоигу во запечатен коверт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top