| четврток, 6 декември 2018 |

Јелгава од Летонија го очекува Работнички во второто коло

Екипата на Јелгава од Летонија направи подвиг и со нерешен резултат, 2-2, го елиминира бугарскиот тим Литекс, со што би требало да биде следниот противник на нашиот Работнички.

Романтичарите од Скопје водат со 2-0 на десетина минути до крај против Флора од Талин, резултат што е доволен за пласман во следната рунда.

Ако Работнички мине понатаму тоа ќе значи дека повторно ќе има противник од Балтикот, овојпат од Летонија. Јелгава мина понатаму благодарение на еден гол повеќе постигнат на гости, откако на првиот меч дома одигра 1-1 со Литекс, а вечерва во Бугарија повторно беше нерешено, 2-2.

rabotnicki

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top