| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во петтиот шешир од жрепката за СП во Русија

ФИФА го соопшти распоредот за шеширите од жрепката за квалификациите за СП 2018 во Русија. Македонија соодветно на својот рејтинг се најде во петтиот шешир заедно со Кипар, Летонија, Ерменија, Финска, Белорусија, Азербејџан, Литванија и Молдавија/Казакстан.

Интересно е што меѓу носителите се најде репрезентацијата на Велс која има одлични резултати во последно време.

Распоредот во другите шешири е следниов:

ШЕШИР 1: Германија, Белгија, Холандија, Романија, Англија, Велс, Португалија, Шпанија, Хрватска/Италија

ШЕШИР 2:Хрватска/Италија, Словачка, Австрија, Швајцарија, Франција, Чешка, Исланд, Данска, БиХ.

ШЕШИР 3: Полска, Украина, Шкотска, Унгарија, Албанија, Србија, Грција, Северна Ирска.

ШЕШИР 4: Турција, Словенија, Израел, Р. Ирска, Норвешка, Бугарија, Ф. Острови, Естонија, Црна Гора.

ШЕШИР 6: Молдавија/Казахстан, Луксембург, Лихтенштајн, Грузија, Малта, Сан Марино, Андора.

Официјалната жрепка е закажана за 25 јули во Санкт Петербург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top